Пред повеќе од деценија близначките од нашата земја Вики и Кики Ралеви учествуваа во реалното шоу „Големиот брат“, а со нивниот идентичен изглед го привлекоа вниманието уште во првите минути од влегувањето во него.
Во шоуто и се случи голема љубов на Вики која речиси ја гледаше целиот Балкан пред малите екрани.
Врската помеѓу Вики и Карло беше бурна, па гледачите пред малите екрани уживаа од нивните караници, па се до секс пред сите во куќата.
Вики во тој момент имаше само 20 години, додека Карло 33, а романсата по излегувањето ја продолжија и надвор во реалниот свет.
Карло многу од времето го поминуваше во Скопје, а во еден момент тие изнајмија и стан каде живееја заедно, но и покрај големите планови следуваше нивно раскинување на врската.
Како причина за раскинувањето Карло тогаш во медиумите изјави дека е големата разлика во годините, по што и двајцата се повлекоа од јавноста.
Денес Карло изгледа сосема поразлично од пред речиси една деценија, а многумина нема шанси да го препознаат.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram