Физичкиот изглед и модниот стил на водителката на „Задруга“, Душица Јаковљевиќ го привлекуваат вниманието на јавноста, а доказ за тоа се бројните комплименти кои пристигнуваат од сите страни.
Сега, на пораките им нема крај откако покажа како изгледа без грам шминка, но и без филтри.
Јаковљевиќ кон средината на ноември ќе наполни 41 година, а од нејзиното лице се гледа колку се грижи за својот изглед.
„Можете ли да го покажете вашето лице без филтри и шминка? Горда сум што имам 41 година и изгледам вака“ – напиша водителката на Инстаграм.