Познатиот британски водител Џони Ирвин објави дека се бори со канцер во терминална фаза, како и дека му останалe уште неколку месеци живот.
Овој 48-годишниот водител во интервју за магазинот “Hello” обелодени дека ракот на белите дробови се проширил на мозокот и се надева дека неговата приказна ќе ги инспирира луѓето за „секој ден да го искористуваат максимално“.
Они откри дека првиот симптом го почувствувал во август 2020 година кога видот одеднаш му се замаглил додека возел.
View this post on Instagram
„Во рок од недела дена од тој момент ми рекоа дека имам уште шест месеци живот. Морам сам да одам дома и да и` кажам на својата жена, која тогаш ги чуваше нашите тукушто родени близнаци, дека ќе остане сама. Тоа беше поразувачки. Се што можев да направам е да и` се извинам. Се чувствувам виновен за се што се случува“, раскажа водителот.
Џони со сопругата Џесика има двегодишни близнаци Рафа и Кормака и тригодишниот син Рекс, а вели дека до неодамна сакал својата болест да ја крие од јавноста.
View this post on Instagram
„Сепак, сега дојде до точка кога се чувствувам како да имам некоја извалкана тајна, како да имам невидлив товар на градите. Се надевм дека ќе го тргнам тој товар и ќе ги инспирирам луѓето кои се во истата ситуација, на кои деновите им се изброени, да го искористат секој ден на најдобар начин, да им помогнам да погледнат, да можат да живеат добар живот, дури и ако умрат. Еден ден, ова ќе ме сретне, но правам се што можам за тој ден да дојде подоцна. Им го должам тоа на мојата жена и на синовите. Некои луѓе во мојата ситуација имаат исти желби, но јас само сакам да направиме што повеќе како семејство“, раскажа Ирвин.
Овој Британец истакна дека не знае уште колку му има останато, но дека е извесно дека нема многу, па сепак се труди да остане позитивен и да има став дека живее со ракот, а не дека умира од него.
View this post on Instagram
„Поставувам мали цели, работи поради кои сакам да бидам тука. Стекнав навика да не планирам ништо однапред, бидејќи можеби нема да бидам доволно добро за тоа да ги реализирам. Но сега, сега сакам да правам планови. Сакам да правам спомени и да ги фатам моментите со своето семејство, бидејќи реалноста е таква што моите деца ќе пораснат, а нема да го познаваат својот татко и тоа да им го скрши срцето“, заклучи тој.