Актерката Скарлет Јохансон во текот на подготовките за улогата во филмот „Avengers“ беше подложена на строг режим на вежбање и исхрана, кој вклучуваше дури и изгладнување.
Скарлет, со желба да изгледа совршено во тесниот костим за нејзиниот суперхерој, се придржувала на брутален тренинг како американските маринци. Таа секојдневно вежбала со тегови, скокање, трчање, јога, фрлала топки.
Таа престанала да пуши и спиела повеќе отколку што била навикната – повеќе од четири часа.
-Намерно ја изгладнував, не смееше да јаде. Се подготвувавме за темпо на снимање кое трае речиси цел ден. Целта беше да се здобие со физичките карактеристики на ликот кој го толкува , објасни нејзиниот тренер за странските медиуми.
На премиерата на “Avengers”, што се одржа во Лос Анџелес на 22-ри април, Скарлет се појави во тесен краток фустан, а со својот изглед го привлече целото внимание.