среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Имаше само 24 години: Почина синот на славните манекенка и милијардер (ФОТО)

Имаше само 24 години: Почина синот на славните манекенка и милијардер (ФОТО)

Тој тргна по стапките на својата славна мајка, која го маѓепса светот со својата убавина во 90-тите години, но според странските медиуми, страшниот порок не им даде мир.

Супермоделот Стефани Сејмур потврди дека нејзиниот син, 24-годишниот модел Хари Брент починал. Според официјалното соопштение, „случајно предозирање“ е наведено како причина за смртта.

-Ние секогаш ќе бидеме тажни што неговиот живот беше уништен од таа разорна болест. Тој постигна многу за своите 24 години, но никогаш нема да имаме шанса да видиме колку повеќе Хари можеше да стори. Хари не беше само наш син. Тој беше прекрасен брат, сакан внук, грижлив пријател. Тој беше креативна, моќна душа полна со љубов што внесе светлина во срцата на многу луѓе. Тој беше убав и надвор и внатре, се вели во соопштението за печатот.

Хари Брент е син на познатата манекенка Стефани Сејмур и милијардерот Питер Брент.

Според странските медиуми, тој наскоро требало да оди на клиника за рехабилитација и да се бори против зависноста, но сега е предоцна.

Најнови вести