сабота, 2. март 2024. Вести денес: 0
home Познати

„Имав само 16 години кога морав да им кажам на мајка ми и сестра ми дека тато е мртов“: Поминаа 31 година од болната загуба на Амиџиќ, кон татко му и колегите биле испукани 200 куршуми!

„Имав само 16 години кога морав да им кажам на мајка ми и сестра ми дека тато е мртов“: Поминаа 31 година од болната загуба на Амиџиќ, кон татко му и колегите биле испукани 200 куршуми!

Таткото на водителот Огњен Амиџиќ, Зоран, беше убиен во 1991 година во Банија, Хрватска додека извршуваше новинарска задача со своите колеги, а денеска се навршуваат 31 година од неговата смрт.

Известувањето од бојното поле во Банија беше нивна професионална задача, а веста која пристигна на 9-ти  октомври 1991 година го потресе цел Шабац и јавноста.

Од заседа, 200 куршуми се испукани во автомобилот во кој се наоѓале и загинале Зоран Амиџиќ, Бора Петровиќ снимател, Дејан Милиќевиќ помошник снимател и Сретан Илиќ уредник на Радио Шабац.

Водителот Огњен Амиџиќ се присети на ноќта кога дознал за смртта на својот татко.

-Во еден часот по полноќ полицијата ни тропна на врата. Тие беа задолжени од нивните претпоставени да ни ги соопштат овие лоши вести. Ми кажаа мене. Имав само 16 години и морав да им кажам на мајка ми и на сестра ми дека татко ми е убиен, рече тогаш Огњен и додаде:

-Ми недостига татко ми и знам дека мојот живот ќе беше сосема поинаков да не се случеше трагедијата. Бев тинејџер кога тоа се случи. Многу терет ми падна на грб, се трудев да и помогнам на мајка ми колку што можев. Таа направи максимална жртва за мене и за сестра ми и за тоа ќе бидам вечно благодарен.

Од тој ден поминаа 31 година, а убиството никогаш не беше расветлено. Единствената трага до која дошла полицијата во истрагата е дека неколку дена по убиството, во еден хрватски весник се појавила приказна напишана врз основа на белешките што Амиџиќ ги носел во својата чанта.

Најнови вести