Пејачката Сања Вучиќ доживеала непријатна сцена на еден настап.
Имено Сања која е член на групата „Ураганки“ пееа пред полн клуб со своите колешки, а во еден момент непознат човек од зад грб и го грабна микрофонот и запеа место неа.
На Твитер се појави снимка на која се гледа што точно се случило, а во коментарите многумина го осудија овој потег на човекот.
-Не! Ова не е смешно и ова не е во ред! Ова е само една од низата непријатности кои пејачите ги доживуваат на своите настапи… исто така може некој да ни пријде и да не нападне, Каде е обезбедувањето прашувам? Гласеше во објавата.
Со оглед на тоа дека обезбедувањето не реагираше одма, Сања само зачудено гледаше во човекот и ништо не презема, а по изразот на лицето се гледаше дека воопшто не и беше пријатно.
Ne! Ovo nije smešno i ovo nije u redu!
Ovo je samo jedna u nizu neprijatnosti koje pevači doživljavaju na nastupima…
Isto tako neki lik može da im pridje i napadne ih…
Gde je obezbedjenje pitam? pic.twitter.com/Q16AneRa38— lejdi cunade🌸 (@Valerij61620076) March 13, 2022