Пејачката Индира Арадиновиќ – Инди јавно проговори за операцијата на желудникот која ја направила пред три години.
Сега од оваа дистанца мисли дека изгледа добро, но дека тоа за малку ќе ја чинеше здравје.
-Рецептот за мојата добра линија е дека пред три години се оперирав, едвај преживеав заради убавината и изгледот, но и здравјето. Сакам да се хранам здраво кога имам прилика, а кога немам, одам на брза храна и јадам, вели Инди, која е се послаба и послаба.
Откри кој е нејзиниот љубовен статус.
-Среќно сингл. Секогаш сум заљубена, но во себе. Понекогаш сум несреќно заљубена во себе, па велам: „Стани, што ти е“. Не сум идеалан, не сум совршена, но да се сакам себеси, се сакам, бидејќи кој не се сака не може да ги сака и другите. После се што поминав во животот, не знам кој може да ме фасцинира, заклучува Инди за медиумите.
Бракот на пејачката со бизнисмен кој живее во Данска се распадна по само четири месеци. Како што сега истакнува, повеќе не верува во бракот како институција.
-За мене бракот е големо разочарување, мојот прв брак. Тоа не значи дека е неуспешно засекогаш, но во моментов не сум расположена да верувам дека постои човек кој би можел да ме води низ животот, вели Инди.
За потсетување, Инди била разочарана од однесувањето на нејзиниот поранешен сопруг, бидејќи тој не бил до неа во важни животни ситуации.