Ирена Спировска е љубител на летните предизвици. Викендите и деновите од одморот ова лето реши да ги мине крај Охридското езеро. Нашиот езерски бисер е доволно примамливо место за македонска ТВ водителка да ја покаже својата извајана фигура.
Седната како сирена на каменестиот брег, со извајани стомачни мускули во црн модел полутанга бикини, Ирена е како сирена.
Спировска гордо им пркоси на годините кои колку и да се множат, ништо не и можат, зашто витката линија и младешкиот изглед на секогаш насмеаната убавица со долга кадрава коса, прават таа со години да е непроменета и иста, барем кога е физичкиот изглед во прашање.
Патем, водителката својот младешки изглед најмногу го должи и на спортскиот дух, зашто Ирена знае како да води здрав живот, а при тоа да ужива, без оглед дали вози велосипед, планинари или плива…
Всушност таа постојано во себе го буди трагачот по возбуди од различен вид: од воздушни параглајдер прошетки, преку велосипедско-планинарски предизвици до водени мераци.
Овој последниов го покажа и сега на охридскиот езерски брег, каде поривот и е најјак да весла кајак. Вистинска езерска веслачка тура за нова летна авантура.
И не и е прв пат, зашто Ирена оддамна љуби да весла… Уште отпорано, кога Ирена свовремено веслаше во своето гумено кану по Охридското езеро!