Ирина Шајк сподели неколку фотографии во костим за капење на Инстаграм и се пофали со неверојатниот изглед и извајаните стомачни мускули.
Манекенката на фотографиите позира пред огледало во дводелен црн костим за капење, а во фокус било нејзиното извајано тело и стомачните мускули.
Долниот дел од костимот бил во „V“ форма со ленти околу струкот, додека горниот дел од бикинито се врзувал околу вратот.
Оваа 37-годишна манекенка неодамна се појави на 3 различни насловни страници за мексиканското издание на магазинот „Vogue“. За креирањето на насловните страници биле ангажирани стилистката Валентина Коладо, фризерот Џејмс Пецис и висажистот Сем Висер.
Ирина за споменатиот магазин ги претстави трендовите на сезоната како „летни нијанси на зелена боја, леопардски дезен, проѕирни парчиња, вештачко крзно, топови со чипка и максималистички додатоци“.