Руската манекенка Ирина Шајк покажа одличен стајлинг при пристигнувањето на ревијата на модната куќа „Ludovic de Saint Sernin“.
Убавата манекенка беше една од тимот манекенки кои прошетаа по пистата за време на ревијата на модната недела во Париз.
Таа на ревијата дојде со широка насмевка, во црн аутфит кој беше неодоливо модерен.
Стајлингот се состоеше од црна ролка кој имаше кружен отвор на грбот, црни панталони и тренди чанта што ја носеше преку грбот.
Во раката носеше црн капут, а драматичниот стајлинг го истакна со очила за сонце и пуштена бујна коса.
Со оваа непогрешлива облека Ирина докажа дека црната боја е синоним за елеганција и софистицираност.