четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ИСЧЕЗНА ПРЕД 12 ДЕНА: Се уште се трага по актерот

ИСЧЕЗНА ПРЕД 12 ДЕНА: Се уште се трага по актерот

Властите во Калифорнија сè уште не го нашле британски актер Џулијан Сендс, кој веќе 12 дена е исчезнат во планините Сан Габриел.

65- годишниот Сендс исчезна на 13 јануари во планините Сан Габриел, во областа Балди Бул, северно од Лос Анџелес.

Шерифот на округот Сан Бернардино рече дека се направени голем број напори за потрага по актерот, вклучувајќи хеликоптери и беспилотни летала.

Канцеларијата на шерифот забележа дека областа каде што исчезна Сендс е исклучително опасна дури и за искусни планинари.

Неговиот автомобил беше пронајден минатата недела до местото каде што беше пријавен за исчезнат.

Сендс глуми во бројни филмови и серии, вклучувајќи ги „24“, „Смолвил“ и „Соба со поглед“, а живее во Лос Анџелес од 2020 година.

Најнови вести