Фановите овие денови буквално се збунети од еден детаљ од последната фотографија која ја објави раперот Раста на својот Инстаграм профил.
Имено тој сподели заедничка фотографија со својата ќерка Тара и ги разнежни речиси сите, се додека фановите не забележаа еден детаљ на неговата рака.
Станува збор за бурмата која раперот се уште ја носи иако е разведен од пејачката Ана Николиќ уште пред три години.
View this post on Instagram
Како што пишуваат српските медиуми Раста бурмата се уште ја носи, додека Ана истата ја извадила веднаш по разводот.
Инаку парот за потсетување се запозна во 2016 година, а се разведе после година дена брак, но останаа блиски поради ќерката Тара.