Пејачката Едита Арадиновиќ е една од ретките пејачки кој отворено од секогаш зборувала за естетските операции.
Сега таа без проблем објави стари фотографии на својот Инстаграм профил на која таа е буквално без никаква корекција на лицето.
„Ааа носоња“, напиша таа алудирајќи на својот стар нос пред операциите.
Инаку Едита во една прилика открила дека не била задоволна од својот стар изглед и дека била подложна на операција.
„Пред операцијата на носот, не бев целосно задоволна со својот изглед. Препорачувам секоја девојка да направи корекција доколку чувствува нешто од внатре и секако доколку го сакаат тоа. Јас немав голем нос, но имав куки, бев како Капетан Кука“, раскажа во една прилика таа.
Таа инаку освен корекцијата на носот има направено операција и на гласните жици, по која беше загрижена како ќе може повторно да пее.