среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Исповед на ќерката на Шабан Шаулиќ по неговата смрт: „Ден пред трагедијата се видов со татко ми“

Исповед на ќерката на Шабан Шаулиќ по неговата смрт: „Ден пред трагедијата се видов со татко ми“

Илда Шаулиќ, ќерката на покојниот пејач Шабан Шаулиќ после 4 месеци од трагедијата, ја отворила душата и открила како ги преживеале првите минути кога слушанел дека останале без Шабан.

-Моите последни моменти со татко ми беа во саботата, дента пред неговата смрт, кога се подготвуваше да оди во Германија. Подготвував нова песна во студио, иако немам таков обичај, посакав да му се јавам, да слушне што снимам. Го замолив да ја вклучи камерата, затоа што долго го немав видено и да поразговараме – рекла Илда и успеала да проголта кнедла и да се присети на храброста која ја нашла во најтешките моменти.

-Бев стабилна кога ми соопштија дека починал татко ми, што сега и малку ме плаши. Иако делувам нежно, всушност стресните и трагичните моменти ги преживувам силно. Не знам од каде ја црпам таа енергија, дури сум и движечка сила за сите околу себе во тие моменти. Бев јака и за мајка ми и за сестра ми и за брат ми. Воопшто не знам од каде тоа ми дојде, затоа што бев татина маза – признала пејачката за „Балканска улица“, констатирајќи дека ваквите удари може да се преживеат но дека оставаат рана.

-Од оваа песпектива знам дека ова е болка за цел живот и дека ништо повеќе нема да биде исто. Сепак, се трудам секогаш да свртам кон убавото и да се сеќавам на најубав можен начин. Беше голем и замина како голем. Му благодарам што остави песни низ кои секогаш ќе живее и ќе биде тука за нас – додала Илда.

-Ова е голема трагедија за сите нас, а најтешко ѝ е на мајка ми. Сепак таа 43 години се грижела за неговиот живот и кариера и сигурна сум дека многу тешко поднесува кога е сама со себе, но додека сме ние тука, добро се држи. Ние сме тука да ѝ бидеме најголема поддршка – рекла наследничката на Шабан.

Најнови вести