Контроверзниот тајландски крал Маха Вајиралонгкорн се самоизолирал во луксузен хотел во Гармиш-Партенкирхен на Алпите, заедно со придружбата.
Маха Вајиралонгкорн, познат и како Рама X, го „букирал“ хотелот со 4 ѕвезди, откако добил „посебна дозвола“ за да го овозможи тоа.
Придружбата на 67-годишниот крал вклучува и харем од 20 конкубини и многу слуги, пишува германскиот таблиод Билд. Не е познато дали и неговите четири жени живеат во хотелот со останатите.
Сите хотели во тој регион беа затворени поради коронавирусот, но портпаролот на локалниот дистрикт изјавил дека „Grand Hotel Sonnenbichl“ е исклучок бидејќи „гостите се хомогена група луѓе кои никаде не излегуваат“.
Кралот всушност не побегнал од својата земја заради ширењето на коронавирусот, туку се затекнал во Германија во екот на пандемијата, па очигледно одлучил засега да не се враќа во својата татковина.