37-годишната манекенка Адриана Лима преку ден е на ревии на Модната недела во Париз, а навечер е на гламурозни забави.
На Модната недела во Париз на ревиите веќе ги носеше моделите на Miu Miu и Schiaparelli Haute Couture, по што веднаш се пресоблече во дрес на Бразилската репрезентација за да ги бодри на Светското фудбалско првенство.
Вчеравачер уживаше на настанот на Vogue, каде стигна во минијатурен фустан со кој го привлече вниманието. Сребрениот фустан ги откри долгите нозе на манекенката, а за да биде впечатокот целосен додаде и мала чантичка и светкаво палто.
Лима во Париз стигна сама, без 35 годишното момче Матино Харе , со кого е во врска една година.