Актерот Леонардо Ди Каприо, кој има 44 години и аргентинската манекенка, 21 годишната Камила Мороне започнаа врска на крајот на минатата година. Моментално парот ужива во летувањето во Италија, а Камила своите фанови посебно ги развеселува на фотографиите на кои го нема Ди Каприо.
-Тоа е Италија. Можам да бидам драматична, истакна манекенката на една од фотографиите. Фановите коментираа дека се горди на Лео што „фатил“ таква убавица. Други пак коментираа негативно за оваа врска, истакнувајќи дека мајката на Камила е помлада од Леонардо.