петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ја “казнија“ за експлицитните фотографии, а потоа Мадона го возврати “ударот“

Ја “казнија“ за експлицитните фотографии, а потоа Мадона го возврати “ударот“

Откако Мадона објави свои експлицитни фотографии на Инстаграм, челниците на компанијата „Мета“, која е сопственик на споменатата социјална мрежа, решиле да ги отстранат.

Сепак, кралицата на попот реши повторно да ги објави истите фотографии, но овој пат цензурирани, а остро им се обрати на одговорните обвинувајќи за сексизам и дискриминација.

Пејачката истакна дека женската брадавица не треба да биде единствениот дел од телото на жената кој е експлицитен.

-Сè уште за мене е зачудувачки податокот дека живееме во култура која дозволува да се покаже секоја педа од телото на жената, освен брадавицата. Како тоа да е единствениот дел од анатомијата на жената што може да се сексуализира. Брадавица која храни бебе! Зарем машката брадавица не може да се доживее како еротска?! А што е со женскиот задник кој никогаш никаде не бил цензуриран, напишала Мадона и додала дека четири децении се бори со цензура, сексизам, возрасна дискриминација и мизогинија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Набргу потоа следеше одговор од компанијата „Мета“, поранешен „Фејсбук“, која е сопственик на оваа социјална мрежа, која наведе дека правилата се исти за сите корисници, вклучително и за Мадона.

-Ја отстранивме објавата на Мадона бидејќи видовме прекршување на нашите правила против голотијата на возрасните. Разбираме дека не секој секогаш ќе се согласува со нашето мислење за тоа каде ја повлекуваме линијата, но нашите правила се дизајнирани да им помогнат на луѓето од сите возрасти да се чувствуваат безбедно додека ги користат нашите апликации. Во исто време оставаме што е можно повеќе простор за изразување, рекоа од компанијата, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Портпаролот на „Мета“ додаде дека правилата во оваа област се сменети и дека голотијата во едукативен и здравствен контекст, односно доење, протести, уметнички дела и скулптури не е забранета.

Најнови вести