Новата девојка на Канје, Џулијана Налу, блескала во новата кампања за костими за капење.
Може да се каже дека на младата манекенка ѝ цветаат рози на љубовен план, но исто така и на деловен, а неодамна со новите фотографии за промотивната кампања на костими за капење „FAE“ тоа го докажала.
Оваа 24-годишна бразилска убавица за прилика на фотографирањето носела неколку различни костими за капење, меѓутоа еден од нив привлекол особено внимание во јавноста. Станува збор за модел со колоритен дезен којшто го истакнува секој дел од женското тело, а Џулијана знаела како овој специфичен костим за капење да го претстави во полн сјај.
Kanye West's new fling Juliana Nalu, 24, showcases her incredible figure in sizzling new FAE swimwear campaign
via https://t.co/8q6jsY4pd9 https://t.co/KwbLhetuNw— patricia brown (@Traffic1938) October 13, 2022
Да ве потсетиме, шпекулациите во јавноста дека Канје Вест пронашол нова девојка со име Џулијана Налу се покажале како точни, а како што пренесе „Page Six“, парот неодамна бил фотографиран на заедничка прошетка.
Очигледно дека љубовните искри прскаат на сите страни меѓу нив затоа што нема момент, а фоторепортерите да не ги „уловат“ заедно.