Најпознатиот тенисер во светот во младоста имал врска со прекрасната Лидија Поповиќ, позната како Лејди Ли.
Првата девојка на Новак Ѓоковиќ, Лидија Поповиќ, на многумина им е позната по работата со која се занимава, но и по провокативните фотографии кои ги објавува на социјалните мрежи.
Лидија е една од најдобрите српски диџеи, а многумина ја знаат како Лејди Ли.
Новак и Лидија кога биле млади запловиле во емотивна врска, а тенисерот тогаш не претпоставувал дека ќе стане еден од најдобрите во светот на тенисот.
Врската не траела долго затоа што Новак поради своите обврски бил во Белград, а Лидија во Нови Сад.
Тие се обиделе да го одржат односот на далечина, но набрзо потоа сфатиле дека тоа е тешко, па раскинале. Сепак, останале во добри односи и секој тргнал да го чекори својот пат во животот.
Во едно интервју Лидија изјавила интересни детали за Новак:
„Ноле за време на нашата врска беше внимателен и насмеан, но тоа беше кога немаше обврски како што има денес. Сега има голем товар на грбот како славен маж во светот на спортот. Секако, Ноле не е ‘папучар’“, раскажала Лидија.
Лидија е многу горда на работата која ја работи, но и на својата убавина и изглед, па не е изненадувачки тоа што постојано споделува фотографии на социјалните мрежи, а поголем дел од јавноста ја споредува со Џенифер Лопез.