Славниот фудбалер и тренер почина на 53 години после долгата и тешка болест.
Синиша Михајловиќ е погребан вчера во Рим. Погребот во базиликата “Santa Maria degli Angeli e dei Martiri“ собра голем број луѓе кои дојдоа да му оддадат последна почит на познатиот Миха.
Семејството, пријателите и бројните навијачи се простија вчера од Синиша Михајловиќ, а самиот погреб е одржан исклучиво во кругот на семејството.
Сопругата на Синиша, Аријана Рапачони Михајловиќ, уште една се огласи на социјалните мрежи за да се заблагодари на големата поддршка во тешките моменти.
„Ви благодарам на сите за поддршката и грижата во овие болни момнети“, напиша Аријана во фотографијата на која позира со Синиша.
View this post on Instagram