Меган Маркл, војвотката од Сасекс, се појави на онлајн панелот „DealBook“ во организација на „New York Times“ за да разговара за важноста на економијата, професионалноста и еднаквоста на жените.
Маркл се фокусираше на темата платено породилно отсуство за кое неодамна напиша отворено писмо до Конгресот.
„И кога мојот живот и мојот начин на живот беа поразлични, се залагав за она што е правилно. Не бев во Америка долго време, живеев во Канада седум години, а потоа се преселив во Велика Британија. Се вратив и станав мајка од две деца, а Америка е една од шесте земји во светот кои немаат никаква форма на национално платено породилно отсуство, едноставно нема смисла“, истакна таа.
How can women reach economic and professional parity? Meghan, the Duchess of Sussex, and @MellodyHobson share top-down solutions with @andrewrsorkin at the #DealBook Online Summit. https://t.co/VfoMWaLsYg
— DealBook (@dealbook) November 9, 2021
Сепак, светските медиуми веднаш забележаа дека таа носела црн џемпер, црни панталони, ремен со потпис на Салваторе Ферагамо и црни салонки.
Но, вниманието на сите им беше насочено кон црвениот брош во вид на цвет од афион што го носеше Меган, со кој ја одбележа Неделата на сеќавање на жртвите на британскиот Комонвелт во светските војни и последователните конфликти.