вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ја носам пепелта од синот каде и да одам – сопругата на славниот пејач тешко ја поднесува загубата, светот ја направи луда по ова интервју

Ја носам пепелта од синот каде и да одам – сопругата на славниот пејач тешко ја поднесува загубата, светот ја направи луда по ова интервју

Поранешната манекенка Криси Тајген минатата година го загуби бебето во 20-та недела од бременоста, а оваа загуба неа и на нејзиниот сопруг, пејачот Џон Леџенд, тешко им паднала.

Криси доживала компликации, а потоа имала спонтан абортус во 20-та недела од бременоста. Поранешната манекенка оваа загуба тешко ја поднела, а сега признала дека посмртните остатоци од бебето ги носи насекаде со себе, на што инсистираат нејзините две деца.

„Без разлика дали одиме на одмор или на викенд, Луна (5) и Мајлс (3) велат: „Не го заборавај бебето Џек. И потоа морам да го спакувам“, раскажала Криси Тиген за магазинот „Scary Mommy“ и додала:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

„И потоа кога ќе стигнеме на локацијата, велат: „О, Боже мој, мора да е жеден“. На луѓето ова може да им звучи лудо, но моите деца ставаат мала чаша вода покрај кутијата со пепел. И навистина сакаат да бидат дел од тоа“, вели Криси.

„Сакам да сум бремена, но многу ми е жал што повеќе никогаш нема да бидам. Покрај сè, среќна сум што имам две прекрасни деца, кои растат со неверојатна брзина и се трансформираат во мали луѓе“, рекла таа во интервјуто, додека утеха барала и во алкохолот од кој е „чиста“ повеќе од 100 дена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

Најнови вести