вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ја претставуваше БиХ на Евровизија, па се пресели во Америка – има сопствен бизнис, а кога ќе видите како изгледа неговото момче ќе подзинете (ФОТО)

Ја претставуваше БиХ на Евровизија, па се пресели во Америка – има сопствен бизнис, а кога ќе видите како изгледа неговото момче ќе подзинете (ФОТО)

Пејачот Фуад Бачковиќ попознат како Дин (39) кој ја претставуваше Босна и Херцеговина на Евровизија во 2004-та година со години живее далеку од Балканот.

Имено тој се преселил во Америка каде живее сосема нов живот и има приватен бизнис.

Тој во САД живее со своето момче, арт директорот Вило Фирсон Трети со кого сега започнаа и приватен бизнис изработувајќи рачни чанти, пишуваат босанските медиуми.

Тој заедно со своето црномуресто момче често објавуваат фотографии на неговиот Инстаграм профил, а со музиката професионално речиси веќе и да не се занимава со години.

Цената на торбите кои тие ги продаваат изнесува околу 550 долари и истите ги има во четири бои.

Тој со музика започна да се занимава на свои 12 години, а во 1997-та стана фронтмен на бендот „Seven up“. Неговиот татко инаку е босански политичар Заим Бачковиќ, а во една прилика открил дека поради тоа немал привилегии на јавната сцена.

Најнови вести