Вчера српските медиуми со брзина на светлината ја пренесоа веста дека Ана Севиќ ја раскинала свршувачката со Даниел Неделковиќ.
Многумина фанови веднаш се запрашаа која е причината поради оваа одлука на пејачката која ги избриша сите нејзини фотографии со свршеникот, но остави само една заедничка.
-Животот ти праќа некои луѓе да би ја дознале нивната големина и проширени видици… сознавме што сакаме…се запознавме себе си во некои други димензии , но и што не сакаме… Видовме дека можеме уште повеќе да сакаме, дека сме многу вредни него што мислиме. Дека постојат луѓе што и тоа како знаат да сакаат, почитуваат и бидат темел и поткрепа, вели Ана во својата објава на Инстаграм.
Таа му се заблагодарува за секоја секунда што растела со него и се што тој направил за неа.
-Те сакам и ти благодарам што се направи за нас, додаде таа.
За потсетување Ана во јавноста цело време говореше како тој е мажот на нејзиниот живот и дека тој имал одличен однос со нејзината ќерка Лорена чиј татко е пејачот Дарко Лазиќ од кого се разведе неодамна.
Според фановите Ана е една од ретките кои на пријателски начин ја раскинала свршувачката што е нетипично за денешните парови на Балканот.