Декември е месецот кога се прославува крајот на старата и дочек на новата година, а по тој повод се украсуваат и новогодишни елки.
Како и сите така и Ана Севиќ се пофали на својот Инстаграм профил како ја украсила новогодишната елка во својот дом.
Пејачката очигледно знае да ужива и да заборави на тешките мигови кои ги помина откако поранешниот сопруг Дарко Лазиќ доживеа тешка сообраќајна несреќа пред два месеци.
-Дедо мраз и јас оваа година бевме многу вредни. Тој својот дел се уште не го завршил, но јас го завршив, напиша пејачката и објави фотографија од елката.
Инаку неодамна пејачката го покажа и своето ново момче на социјалните мрежи, по што следуваа лавина од коментари.