недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ја води најтешката битка, но се бори како лавица: Гоца Тржан откри зошто се чувствува како да е луда!

Ја води најтешката битка, но се бори како лавица: Гоца Тржан откри зошто се чувствува како да е луда!

Пејачката Гоца Тржан во првиот брак со Иван Маринковиќ во 2007 година ја доби ќерката Лена, а веќе со години се труди да добие дете и со сегашниот сопруг Радомир Раша Новковиќ.

Двајцата две години правеа ИВФ, но за жал досега нема резултати. Кога минатата година по петти пат стигна негативен резултат, Гоца, иако важи за голем борец, призна дека е уморна и дека повеќе нема да се измачува.

-Борбата за потомство звучи благородно, но всушност е тешка борба, напорна работа и притисок. Воопшто не е лесно да се издржи хормонската терапија. Еден месец се чувствувам како да сум луда и имам биполарно растројство, нерасположена сум, открила таа како тој процес всушност влијае на телото.

-Веќе не е здраво и нема да одам на ИВФ. Тоа е голем стрес за организмот. Многу луѓе имаат проблеми со природното зачнување. Мразам кога за темава се пишува патетично. Не ми треба никој да ме сожалува. Верувајте дека сите тие луѓе се сериозни херои, изјави тогаш Гоца во една емисија.

Сепак, како што беше претходно напишано, Тржан не се откажа.

– Гоца допрва ќе ја продолжи борбата за потомството. Во последно време таа е под голем стрес. Таа размисли двапати и сака да ја продолжи борбата за потомство, но овој пат во целосен мир. Ова е и една од причините поради која решила да се откаже од Евровизија, вели добро информиран извор.

Најнови вести