Сопругата на најдобриот српски тенисер, Јелена Ѓоковиќ не ја криеше среќата откако Ноле во спектакуларното финале на Мастерсот во Синсинати го освои долго чеканиот трофеј, со кој ја потполни богатата колекција.
Новак Ѓоковиќ успеа во она што никој никогаш не успеал, стана сопственик на „Златниот Мастерс“.
Новак е првиот тенисер во историјата кои ги освоил сите турнири од Мастерс серијата. Падна конечно и Синсинати, во шестото финале на Ѓоковиќ, четврто против Роџер Федерер.
Ѓоковиќ во големото финале во Синсинати го совлада Роџер Федерер во два сета – 6:4, 6:4. Ова беше нивни дуел број 46 и Новак сега води со 24:22
Сопругата на еден од најдобрите тенисери уживаше во успехот на својот сопруг, а гордоста и среќата поради овој неверојатен успех го сподели на социјалните мрежи.
When you do what you do THE BEST IT CAN BE DONE, not just the best you could do. Wow. History. So proud. What a moment. First man on the planet to do this. First. One. Ever. Love you ❤️
— Jelena Djokovic (@JelenaRisticNDF) August 19, 2018