вторник, 16. април 2024. Вести денес: 0
home Познати

Јелена Карлеуша мора да оди на операција, ситуацијата можно е да се влоши

Јелена Карлеуша мора да оди на операција, ситуацијата можно е да се влоши

Пејачката Јелена Карлеуша во јавноста изгради слика на силна жена и затоа никогаш не зборува за своите проблеми. Токму поради таа причина го крие фактот дека последните неколку месеци трпи големи болки кои безуспешнао се труди да ги ублажи со лекови.

Неодамна сепак морала да се обрати на лекарите, со оглед на тоа дека болката и ги пореметува секојдневните активности.

Јелена цел живот ја мачат мигрени, па мислела дека интензивната болката која веќе подолго време ја чувствува во вратот е последица на тоа. Меѓутоа, кога сватила дека нешто сериозно не е во ред со нејзината кичма, се обратила на доктор, кој останал во шок кога ги видел нејзините снимки – открива изворот.

Рскавицата меѓу двата вратни пршлена и е истрошена и Јелена мора итно да започне лекување, кое во овој случај е исклучително комплицирано. Лекарите  и советувале да ги откаже работните обврски, што таа го одбила.

Најблиските на Карлеуша се надеваат дека нема да биде своеглава и дека ќе ги послуша советите на лекарите и дека ќе ги намали настапите во наредниот период.

 

Најнови вести