понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Јелена Розга проговори за своите здравствени проблеми, има 57 килограми и не може да се здебели

Јелена Розга проговори за своите здравствени проблеми, има 57 килограми и не може да се здебели

Јелена Розга, која има само 57 килограми, вели дека поради проблеми со  штитната жлезда не може да се здебели ниту половина килограм.

На пејачката во 2006 година и беше дијагностицирана хипертериоза, а пред четири години тахикардија. Сите овие здравствени проблеми за убавата пејачка претставуваат проблем.

-Проблемите со тироидната жлезда не ми дозволуваат да се здебелам ни половина килограм, но има и генетика и тоа што живеам покрај море. Тироидната жлезда понекогаш знае да се зафркава со мене, но генерално се чувствувам добро. Не се откажувам, само насмевка на лицето и позитива, вели пејачката и додава дека се разболела поради стрес.

-Сега најважно е што помалку да се нервираме и поради срцето и поради жлездата. Во изминатите неколку години сите концерти ги пеев без проблем благодарение на терапијата и дисциплината. Сè уште можам да пеам и танцувам со мојата публика речиси два часа, истакна таа.

Јелена вели дека нејзините настапи ги заменуваат класичните тренинзи во теретана.

Најнови вести