Јована Јоксимовиќ, водителката од утринската програма на телевизија „Прва“, од денес е на летен одмор.
Сопругата на пеачката Жељко Јоксимовиќ, вчера се прости од гледачите, а на малите екрани се враќа во септември. А до тогаш, на нејзино место ќе ја менуваат две колешки кои многу добро ги знаете.
Водителките кои ќе ги гледаме во утринската програма во текот на летото се Бојана Бојовиќ и Јелена Николиќ.
Двете новинарки се вработени во телевизија „Прва“.
Бојана Бојовиќ од неодамна води емисија „150“ минути, додека пред тоа била репортер, а пред „Прва“, работела во „Б92“, пренесуваат српските медиуми.
Јелена Николиќ е позната по тоа што како репортер секојдневно се уклучувала во живо од програма, додека сега пак по прв пат ќе води програма од студио.