вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Јутјуберот кој ги помести границите на јутјуб сцената во Македонија

Јутјуберот кој ги помести границите на јутјуб сцената во Македонија

Поранешен фудбалер, репрезентативец, ТВ водител, а денес најпознат јутјубер во Македонија.

Стефан Лазаров кој на јутјуб сцената се појави во 2020 година, вчера успеа да дојде до бројката од 100.000 сабскрајбери на Јутјуб, а со тоа и да добие силвер батон плакета од јутјуб.

Рекорд со кој многу малку луѓе во нашата земја можат да се пофалат… Стефан Лазаров изминатиов период ја брануваше македонската јавност со добри и лоши моменти.

Лазаров во минатото е познат како човек кој организирал и поддржал многу хуманитарни акции, а едена од нив е и хуманитарната акција за помош на малиот Кико, а малкумина знаат и за помошта која Стефан Лазаров му ја даде на Неџат, момче кое денес му е многу благодарно и го сака како роден брат.

Претходно, Стефан Лазаров јавноста ја разбранува со видео парче од 15 секунди со новинарот Драган Павловиќ – Латас, за кое заврши на суд.

 

Имено тој е познат со своите видеа „Карпул караоке“,  а од неодамна и со двата најпопуларни подкасти во Македонија, „Лазаров подкаст“ и „Без лимит“ кој го води со новинарот Зоран Василевски попознат како Зоки Фаци.

Но Стефан Лазаров вчера успеа да сруши два рекорди. Бројката од 100.000 сабскрајбери ја зачини и со организирање на најголемиот гивавеј кој воопшто се случил во Македонија во кој беа доделени велосипед, мобилен телефон и автомобил Ауди А5 купе.

Ведаш по завршувањето на најголемиот гивавеј во Македонија, тој на својот Инстаграм профил со емотивна порака им се заблагодари на своите следачи.

-Искрено немам зборови со кои можам да ви кажам колку ве сакам и колку сум благодарен за се што правите за мене, ветувам дека ќе продолжам по истиот пат, ќе работам за доброто на оваа сцена, за доброто на нашата држава и ќе продолжам да мотивирам млади луѓе дека сепак и во Македонија може да се успее.. да сте ми здрави и живи, се чувствувам како да е почеток, одиме понатаму, напиша под фотографијата Лазаров.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stefan Lazarov (@_lazarovv)

На Стефан му го честитаме успехот и му посакуваме уште многу такви во иднина!

Најнови вести