Вистински хаос се случи откако српскиот рапер Ша се врати во реалното шоу „Задруга“ и ја обвини неговата поранешна девојка Тара Симов дека го изневерувала со нашиот познат јутјубер Стефан Лазаров.
Наводно, Тара и Ша биле во Скопје на роденденот на Лазаров и во еден момент од забавата на еден час ги снемало токму Тара и Стефан.
Тара ги отрфли овие обвинувања, а Лазаров сними влог на Јутјуб во кој објасни што точно се случувало тогаш.
Од извори блиски до познатиот Јутјубер, дознаваме дека тој пред два дена добил повик од продукцијата во која го поканиле на разговор во Белград.