Популарниот јутјубер Стефан Лазаров ја започна новата сезона на „карпул караоке“, во кое ќе гостуваат најпознатите јавни личности од нашата земја, но и соседството.
И како велат: Прво, па машко. Прв гостин во новата сезона му беше познатиот српски рапер Газда Паја.
Стефан и Паја разговараа на повеќе теми, а најмногу за музиката, за плановите, за познанството со момците од Два Бона, Слаткар, а раперот откри и кое му е омилено македонско јадење.
„Два Бона и Слаткар ги знам многу одамна, од 2012 година. Тие се преталентирани момци. На почеток публиката не ги препозна, но затоа пак сега се легенди. Ги обожавам“ – беа зборовите на Газда Паја за македонските рапери.
Инаку Стефан за следниот „карпул“ подготвува уште едно изненадување, а дали ќе биде од светот на музиката или пак можеби политиката, следете го неговиот канал на Јутјуб и ќе дознаете…