Ријалити ѕвездата Кајли Џенер неодамна откри дека порано ги уредувала своите фотографии на Инстаграм, но дека тој период е зад неа.
За време на новата епизода на Кардашијан, Кајли разговараше со сестрите Клои и Кортни за влијанието што тие го имаат врз денешните стандарди за убавина.
– Имам чувство дека имаме огромно влијание. Што правиме со толку моќ? Гледам толку многу млади девојки на интернет кои целосно ги уредуваат своите фотографии. Како, монтажа! И јас ја поминав таа фаза. Се чувствувам како да сум на подобро место сега. Но, луѓето ви влеваат несигурност – рекла Кајли.
Кајли вели дека е нормално понекогаш да се биде несигурна, но секогаш била самоуверена и покрај тоа што и го кажуваат луѓето.
– Отсекогаш се сакав себеси. Сè уште се сакам себеси. Една од најголемите заблуди за мене е дека бев несигурно дете и имав толку многу операции што го сменив целото мое лице, што е лага. Ставам само филери и не сакам тоа да биде дел од мојата приказна – вели Кајли.
Таа смета дека социјалните мрежи се многу интересни, но дека слушнала толку многу негативни работи и гласини за себе. Сепак, таа вели дека колку повеќе слуша за себе, толку станува посилна.