сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Кајли Џенер го покажа своето тело четири месеци по породувањето, па откри со што се мачи

Кајли Џенер го покажа своето тело четири месеци по породувањето, па откри со што се мачи

Кајли Џенер покажа како напредуваат нејзините тренинзи по породувањето

Ријалити ѕвездата Кајли Џенер ги воодушеви сите со својот изглед само четири месеци по породувањето.

Имено, таа објави фотографија и видео од теретана и покажа дека полека се враќа во форма по породувањето во февруари.

Кајли ги покажа своите облини во кратко видео додека се снимаше во огледало во теретана. Таа позираше во тесен кафеав спортски топ и црни шорцеви.

„Нема слободни денови“, напиша Џенер во описот на видеото, со плочки на стомакот.

По оваа објава, ријалити ѕвездата се снимаше на лента за трчање, а потоа подетално откри се за нејзиниот напредок.

„Четири месеци по породувањето. Овој пат се справувам со многу болки во грбот и колената, па тоа ми го успорува тренингот, но на мисија сум повторно да станам силна“, изјави Кајли.

Најнови вести