среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Кајли Миног ужива на Балканот: Спие во луксузна вила, а купува лубеница и сирење од локалното население

Кајли Миног ужива на Балканот: Спие во луксузна вила, а купува лубеница и сирење од локалното население

Светски познатата пејачка Кајли Миног деновиве летува на Истра во луксузна вила во близина на Ровињ.

Кајли е видена како се шета низ градот и вечера во хотелски ресторан, а намирниците се доставуваат до нејзината вила од локални добавувачи.

Пејачката поголемиот дел од времето го поминува во лежерно опкружување, пренесува RTL.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie Minogue (@kylieminogue)

Познатата пејачка е сместена во вила со пет ѕвезди од 700 квадратни метри, уредена во стилот на Коко Шанел.

Таа не летува сама, туку со своите пријатели и колеги музичари, а веселото друштво најголем дел од времето го поминува во вилата, која меѓу другото има и базен.

Кајли Миног шета по улиците на градот, а таму си купува  лубеница, сирење и тартуфи од локалното население.

Најнови вести