Ула Шемоле е првата балканка која ќе работи и заработува во друштво на мултимилионерот Дан Билзериан (38).
Балканската инфлуенсерка Ула Шемоле (30) пред месец дена добила понуда која како што се вели не се одбива. Имено наскоро таа ќе стане дел од најпопуларните забави на светот.
Станува збор за забавите кои ги организира мултимилионерот попознат како кралот на Инстаграм Дан Билзериан.
-До соработката дојде преку социјалните мрежи. Дан и јас имаме неколку заеднички пријатели, па ми прати понуда за пријателство. И од тука се стана веќе јасно, вели возбудената Словенка.
Таа додава дека Дан е дедо мраз за возрасни.
-Како да не се дружам со него?, прашува таа.
Девојките инаку кои позираат со него се супер модели и згодни инфлуенсерки како и поранешни актерки.
-Кастинг за оваа работа не постои. Не можеш никаде да се пријавиш. Најважни се социјалните мрежи и контактите, открива Ула.
Дан Билзериан како што е познато е полн со адреналин за спорт, забави, интересни луѓе, а најважно од се е што секој момент тој го фотографира. Често кружат приказни околу неговите забави, особено за полуголите девојки, но Ула овие коментари не ја интересираат.
– Луѓето би биле поуспешни доколку не размислуваат толку негативно, тоа се убави девојки кои многу добро заработуваат. Многумина не ја знаат вистинската слика за оваа работа и се и сешто размислуваат, вели таа и додава дека Дан не е нејзин тип на момчиња, но се радува поради дружбата со него, бидејќи ќе научи многу работи од него.