Точно на празникот Василица или пред речиси два месеци, ТВ водителката Милена Антовска- Станковска по вторпат се оствари како мајка. Таа на свет донесе уште една ќерка која го доби името Јоана.
Иако моментално ги живее едни од најбурните мајчински денови од почетокот на животот на бебето, Милена успеа да најде време и да се организира и среди за да гостува на телевизија кај колегите Миро Кацаров и Ведрана Ѓорѓевиќ во шоуто „Голден карпет“. Многу мајки во постпартум периодот немаат храброст да ја истакнат својата линија, но Милена нема проблем и дилема со тоа, напротив, нејзе како да ја допрело магично стапче…
View this post on Instagram
Облечена во елегантно, но секси издание од сако и кусо здолниште кое придонесе да ги покаже долгите и витки нозе. Очигледно нема на себе грам вишок, па самодовербата е на високо ниво, а тоа дека блеска се гледа и од нејзиното лице. Иако неколку месеци не се појавила на телевизија, овој пат уживаше што повторно е пред објктивите, особено што токму во „Голден карпет“ ја откри бременоста со Јоана.
View this post on Instagram
По неколку месечна телевизиска илегала што би рекол мојот драг колега Мирослав Кацаров еве ме како гостинка во „Г Карпет“, на Канал 5 телевизија, Ведрана Ѓорѓевиќ како и секогаш одлични домаќини, а мене ми беше задоволство првото појавување на телевизија после породувањето да биде во нивната емисија, бидејќи токму кај нив и кажав дека сум бремена со Јоана. Гледајте не во недела во 19:30, го најави мама Милена своето гостување.
Какви детали ќе открие во неделното издание, а и како тоа успеа на само два месеци по породување да изгледа вака, како се снаоѓа со бебето, но и со првата, сега постара дадичка Лана Марија, останува да проследиме…
View this post on Instagram