Старлета Ана Кораќ прв пат се појави во јавноста како скромно девојче од Ивањица, која береше малини со цел да заработи пари и да му помогне на своето семејство. Нејзините први јавни настапи беа на Инстаграм заедно со старлетата Сораја Вучелиќ. Потоа привлече внимание затоа што молеше да не ја нарекуваат старлета, туку уметник од Ивањица, каде што матурираше во Средното уметничко училиште. Така, таа наводно, се занимавала и со сликарство.
За неколку години го смени личниот опис.
Повеќето операции ги направила во Турција, а започна како и обично со градите и устата. Операцијата на градите во два наврати ја платила околу 3.500 евра, затоа што не била задоволна, па по втор пат ги поправила недостатоците.
Корекција на устата правеше дури три пати и тоа секојапо 250 евра, операцијата на очите 800 евра, за затегнување на челото 300 евра, а за зголемување на јабучниците 200. За убава насмевка платила 2.000 евра, а за затегнување на задникот 1.000 евра.
Последните денови се шпекулира дека во Турција извадила две ребра, со цел да го намали струкот, и за таа интервенција наводно дала 7.000 евра.
Еве како претходно изгледаше додека живеела во Ивањица: