Ричард Кеј, Британец кој важи за експерт за кралското семејство во таа земја и поранешен близок пријател на принцезата Дијана, во статија за „Дејли Меил“ опиша како изгледале последните денови на кралицата Елизабета во шкотскиот замок Балморал.
„ Четири дена пред да умре, кралицата имаше важна објава за групата што ја покани да ги помине деновите со неа во Балморал. Вечерата таа недела ќе биде неформална, рече таа. Нема костуми и вратоврски за мажите и нема долги фустани за жените и, необично, немаше ниту гајдаџии, кои со децении се незаменлива традиција за секој настан и вечера во замокот“, напиша Кај.
„ Единственото нешто што не се смени кога сите седнаа на масата вечерта беше присуството на кралицата“, вели Кеј.
Тој тврди дека присутните во замокот биле забавувани од опсесијата на кралицата со временската прогноза на Би-Би-Си. Се вели дека кралицата била воодушевена од метеорологот Томас Шафернакер, па секоја вечер морала да ја гледа прогнозата кога тој ја водел.
„Се забавуваше со хаосот што ќе настанеше кога другите водители требаше да го прочитаат неговото име, а таа обожаваше да го гледа“, пишува Кеј.
Таа го загуби своето најстаро куче ова лето. Кралицата пристигна во Балморал ова лето, и веднаш ја погоди смртта на кучето по име Кенди. Загубата беше огромен удар за кралицата бидејќи Кенди беше нејзиното најстаро и најдолго преживеано куче.
Тогаш одлучила дека не сака Кенди да биде погребана во Балморал, како другите кучиња, туку во Виндзор. Поради ова, персоналот верувал дека кралицата ќе се врати во Виндзор веднаш по одморот за да го организира тоа. Сепак, тоа не се случи.