вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Како манекенката со лице на ангел и тело на божица го излажа светот?

Како манекенката со лице на ангел и тело на божица го излажа светот?

Бар Рафаели е манекенка, телевизиска водителка, актерка и претприемач.

Се смета дека спаѓа меѓу најуспешните манекенки од Израел. Таа се појавила на насловната страница на изданието „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ во 2009 година, а исто така и во „Maxim“ во 2019 година.

За два дена, на 4 јуни оваа жена ќе наполни 38 години, а изгледа барем една деценија помладо. За тоа покрај одличната генетика заслужни се и редовните тренинзи, но и здравата исхрана. Со оглед на тоа што е мајка на две деца, таа изгледа навистина феноменално.

Како телевизиски водител, Рафаели била домаќин на шоуто „The Ks Factor Israel“ во 2013 година, а и ко-домаќин на натпреварот за Песна на Евровизија во Тел Авив во 2019 година.

Како резултат на нејзините манекенски и инвестициски кариери, нејзината нето вредност е проценета на 20 милиони американски долари во 2015 година. Таа била најплатениот модел во Израел според „Forbes“ во 2013 година.

Судот ѝ наредил да плати сума од осум милиони долари долг од 2009 и 2010 година поради неплаќање данок. Нејзините адвокати ја бранеле тврдејќи дека речиси цело време била во Америка и дека живеела со тогашното момче Леонардо ди Каприо, но докажано било дека поминала повеќе од 150 денови годишно во Израел.

Сепак, на крај нејзината лага била откриена. Манекенката платила казна, а наместо неа во затвор отишла нејзината мајка. Таа била осудена на 16 месеци затвор и 2,5 милиони долари парична казна и плаќање на заостанати даноци.

Поранешниот ангел на „Викторија Сикрет“ од 2015 година е во брак со претприемачот Ади Езра (46) којшто е по потекло од Израел, исто како и таа. Сопружниците ги имаат ќерките Лив и Ела и синот Давид.

На многумина им е позната и по тоа што четири години била во врска со Леонардо ди Каприо.

Бар Рафаели предизвикала контроверзни мислења кога одбегнала да ги отслужи двете години задолжителен воен рок така што се венчала за пријател на нејзиниот татко, а потоа се развела од него. Инаку, мажените жени и трудниците се ослободени од отслужување на воениот рок во Израел.

Најнови вести