Свршеницата на Дарко Лазиќ, Марина Гагиќ покажа како навистина изгледа само месец дена по породувањето.
Тие станаа родители во јули годинава, а Марина од тогаш неколку пати позираше истакнувајќи ја совршената линија по породувањето, но овој пат прв пат се соблече во бикини.
Споделувајќи ја фотографијата на својот Инстаграм профил облечена во сребрено бикини таа доби илјадници позитивни коментари како никогаш да не се породила.
„Гордост моја“, „Браво“, „Убавице“, „Секоја чест“, се само дел од коментарите.