Популарниот музичар Лени Кравиц редовно вежба во природа, со помош на тренерот Дод Ромеро
Извајаните стомачни мускули на Лени ги полудеа обожавателите ширум светот, а неодамна музичарот објави фотографија на која го истакна својот најголем атрибут, а многумина во коментарите признаа дека му се восхитуваат, но и му завидуваат.
Лени истакна дека повеќе сака да тренира на отворено отколку да биде во теретана.
– Повеќе сакам да тренирам во природа, отколку да бидам затворен во теретана – рече тој.
Тој практикува кардио вежби со оптимално оптоварување, кое понекогаш го менува.
Што се однесува до исхраната, таа е претежно веганска и јаде само храна од растително потекло, а често и само сиров зеленчук.
Тој сам си ја одгледува храната, но, како што изјавил, знае да прави исклучоци, па често го „засладува“ своето мени со тестенини, палачинки и вафли.