Актерката Никол Кидман (51) се појави на црвениот килим облечена во дизајнерски фустан на Оскар дела Рента и повторно покажа колку добро изгледа за својата возраст.
На доделувањето на наградите АРИА таа дојде со својата внука Луси Хоули (20), ќерка на нејзината помлада сестра Антони Кидман (48).
Никол е особено блиска со Луси по смртта на нејзиниот татко пред четири години, а на годишното доделување на наградите на австралиските музичари дојде да го поддржи сопругот Кит Урбан (51), кој беше домаќин на настанот.
Ќе одам со мојата внука на доделувањето на АРИА наградите. Возбудени сме што Кит е домаќин”, напиша Никол во објавата на „Инстаграм”.