На крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети и сопругата на кралот на почетокот на мај, Камила ќе ја носи круната на кралицата Марија, објави Бакингемската палата.
Круната е стара повеќе од еден век и е нарачана од кралицата Марија за нејзиното крунисување во 1911 година. Ќе биде изменета за важната церемонија на 6 мај.
Ова е првпат во поновата историја постоечката круна да се користи за крунисување на кралица, наместо да се нарача нова, велат од палатата. Се вели дека потегот е направен „во интерес на одржливоста и ефикасноста“.
Круната ќе биде обновена со неколку дијаманти Кулинан – исечени од најголемиот дијамант некогаш ископан кој бил откриен во Јужна Африка во 1905 година – како почит на покојната кралица Елизабета Втора.
Дијамантите со години беа дел од нејзината лична колекција накит и често ги носеше како брошеви. Некои од дијамантите биле вметнати во круната на кралицата Марија за крунисувањето во 1911 година.
Отстранета е од својата редовна изложба во Лондонската кула бидејќи златарот ќе направи некои други мали промени на круната.
Кралот Чарлс Трети ќе ја носи круната на Едвард на крунисувањето во Вестминстерската опатија. Веќе е модифицирана и вратена во кулата. Подготовките за крунисувањето на 6 мај, на кое ќе присуствуваат високи личности од целиот свет и ќе го следат милијарди луѓе, продолжуваат да се забрзуваат.