вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Канје Вест преку стихови ја моли Ким да се смират

Канје Вест преку стихови ја моли Ким да се смират

Канје Вест на неодамна одржан хуманитарен концерт преку стихови ја повика својата поранешна партнерка Ким Кардашијан да му се врати.

Тој ги промени стихвите од песната „Runaway“, па испеал „Сакам да побегнеш назад кај мене, баш ти, Кимберли“.

Поради ваквиот потег на Канје, хаштагот Кимберли е најпопуларен на Твитер.

Дел од обожавателите се воодушевени од ваквиот потег, а дел сметаат дека таа не треба да се смири со него.

Само неколку часа по концертот Ким наводно предала барање за легално разделување. Тоа значи дека таа и понатаму би била омажена за него, но законски би живееле одвоено. Ако судот ова го одобри, старателството и заедничкиот имот би биле одвоени од нивниот брачен статус.

Канје и претходно јавно и прати порака на Ким, на Инстаграм објави фотографија од нивен бакнеж и напиша „Морам да се вратам дома“.

Најнови вести