Пејачката Оља Карлеуша гостуваше во емисијата „РТС Ординација“ каде отворено зборуваше за здравствените проблеми поради кои лежеше во болница.
Оља неодамна се соочила со сериозен здравствен проблем кога лекарите и дијагностицирале тромб, како и белодробна емболија, поради што извесно време поминала во болница со силна терапија.
Била во многу лоша состојба, а болницата ја напуштила со помош на помагало.
– Докторката вели дека гледа згрутчување на крвта кои се слободни. Гледа дека имам белодробна емболија, тромбот создаде блокада. Не постои човек кој не се плаши кога ќе му кажат дека е темпирана бомба и дека не може да се движи. Легнувате и чекате да се формира тромбот. Цело ова време земаш терапија, антикоагуланси, но всушност само чекаш… Кога докторот рече дека не можам да одам ни во тоалет, тоа ми беше крајот. Слушав сè – изјави Оља во споменатата емисија.