Пејачката Оља Карлеуша наводно завршила во болница.
Оља Карлеуша неколку дена се наоѓа во Универзитетскиот Клинички центар во Србија на пулмологија.
Причината засега не е позната, а според извор близок до пејачката, таа моментално е во добра состојба.
Да потсетиме дека Оља Карлеуша во една прилика при нејзиниот престој на Копаоник откри со што се занимава во моментов.
Како сите, исто и Оља беше погодена од корона кризата, па така во една прилика таа кажа дека чека сето ова да помине за да објави нова песна.